Диви копачи на злато нападнале пештера во кавадаречко
Шеесет и четири годишниот кавадарчанец Ангел Силјанов решил да ја заштита пештерата која е во непосредна близина на неговата викендичка и земјоделски имот. На влезот од пештерата поставил врата и ја заклучил за да не влегуваат луѓе кои можат да ја оштетат. Бидејќи добил извонреден простор решил да го користи и како магацин во кој оставал лични предмети, пред се буриња и останат земјоделски алат.
Тој сега е револтиран и бара помош од полицијата. Пештарата која сакал да ја заштити ја нападнале диви копачи на злато. Ја искршиле вратата што тој ја поставил за да ја заштити малата пештера токму од нив. Бара полицијата да ги открие сторителите и да ги казни, бидејќи како што вели, тие можат во наредна прилика да посегнат и по неговиот имот.
„Тие сега не чепнале од моите буриња и гајби кои ги засолнив во пештерата. Напротив, уште поубаво ми ги наредиле, за да си направат простор за копање. Ова не е прв пат во близина да оперираат арамии“ рече Силјанов и објаснува дека и досега навраќале близу неговиот имот, но за прв пат некој се осудил да чепка во пештерата.
Оваа мала пештера се наоѓа на стариот пат Градско-Прилеп од десната страна на 19 киломтри од Кавадарци./А.Д