Брзо шминкање, со лепенки
Објавено: 18 септември, 2013, во 11:57 часот
Специјалните лепенки за шминка стануваат сѐ повеќе достапни и интересни за користење. Moжете да пробате, станува збор за брз начин на шминкање.
Сенките-лепенки се изработени специјално за жени што немаат време и сметаат дека не знаат добро да се нашминкаат сами.
Се нудат во разни бои, како и традиционалната шминка, но и во разни форми. Со добра лепенка може да се нанесе дури линијата на окото што обично се нанесува со моливчињата за очи.
Формата на лепенката е овална и одговара на капакот од окото, а количеството на шминка е толку колку што би нанел професионален шминкер. Лепенката се залепува на капакот од окото, се измазнува со прстот и се отстранува основата. Сенката со сите бои и форми се копира на капакот од окото.
