Дали синиот кармин е нов тренд?
Објавено: 16 септември, 2013, во 09:05 часот
Познатата пејачка Rihanna на промоцијата на својата нова колекција River Island носеше многу интересен make-up.
Бидејќи Rihanna стилски често знае да не врати низ времето,тоа го направи и овој пат на промоцијата на новата колекција кога носеше ледено син кармин. Логично,остатокот од шминката беше сведен за усните да и бидат во прв план а покрај тоа и беа истакнати и нејзините долги црвени нокти.
Инаку бидејќи се навикнавме Rihanna постојано да ги менува и фризурите овој пат сакаше целиот акцент да го стави на усните па ја покажа својата природна коса.
