Мајонез за опоравување на косата
Објавено: 12 септември, 2013, во 08:48 часот
Мајонезот има низа предности кои изненадуваат. Прекуемрното користење на стајлинг производите ,фенот и другите електрични помагала за разубавување на косата можат да ја направат сува и оштетена. Мајонезот е чуден лек за овие проблеми. Погледнете како можете да го користите.
1 . Погрижете се да користите вистински мајонез а не некоја замена за него.
2 . Подгответе ја вашата коса така што ќе користите топла вода за да ја направите влажна. Внимавајте косата да не ви биде мокра туку влажна.
3 . Прекријте ја косата со мајонез на ист начин како што нанесувате маска за коса. Нанесете го од коренот на косата,по целата должина и расчешлајте со прстите или чешел со широки запци.
4 . Колку ќе ставите мајонез зависи од должината и густината на вашата коса.
5 . Ако ви е непријатен мирисот на мајонез можете пред употреба да ставете една лажица екстракт од ванила со мајонезот.
6 . Земете проѕирна фолија,пластична вреќичка или капа за туширање и завиткајте ја главата со неа. Гледајте да ја покриете целата и оставете го мајонезот на косата 10 до 20 минути.
7 . Ако сакате поинтензивен третман после првите 15 минути можете да ја завиткате главата со врел пешкир. Оставете го така на главата 30 до 40 минути.
8 . Измијте го мајонезот од косата со шампон се додека прамените коса не се премногу мрсни.
9 . Најдобро е да се користи разреден шампон додека го миете мајонезот од вашата коса. Можеби ќе морате да ја шампонирате косата повеќе од два пати за да го отстраните мајонезот.
10 . Јајце или маслиново масло можат да се додаде во смесата од мајонез за да се овозможи дополнителна храна за оштетената коса.
11. Користете го овој третман еднаш месечно и ќе имате убава и неоштетена коса.
