Продолжуваат ископувањата на локалитетот Градиште кај Неготино
Објавено: 11 септември, 2013, во 11:23 часот
На локалитетот Градиште,продолжуваат ситематскитеархеолошки ископувања на меѓународниот проект со наслов “Големо Градиште – Урбан развој и историска географија на градовите по средното течение на Вардар во антиката“, во соработка помеѓу Музеј на Македонија, Универзитетот “Гдањск“ од Гдањск од Полска и Музеј на град Неготино.
На овој локалитет досега се откриени над 10 илјади парчиња на кујнска, амбалажна, трпезна керамика, како и голем број увезени садови произведени во Јужна Италија, но и во познатите керамички центри во Грција. Исто така откриени се голем број на монети, разбој, калапи за садови и за светилки за што зборува фактот дека овде се произведувала керамика, односно цела развиена продукција на керамика. И денес овој град е познат центар по квалитетна глина, а под самиот рид Градиште има фабрика за керамиди која ги користи истите ресурси што се користеле и во античкиот период.
Во истражувањата кои покрај тековните финансирања од Министерството за култура се поддржани и од Општина Неготино, а археолозите материјалот го чистат, селектираат и потоа го документираат во Музеј на град Неготино.
Интензивирањето на истражувањата на Градиште се од особен интерес за Општината Неготино, пред се за развој на културниот туризам во овој град и меѓународна промоција на локалитетот,велат од локалната самоуправа.
Со досегашните истражувања постепено се добива јасна претстава за хронологијата на градот, за неговите урбанистички почетоци во 4 век п.н.е и развојот низ следните 600 години. Утврдувањето на етничката припадност на жителите и идентитетот на градот кој според претпоставките и досегашните истражувања се протега на дури 3,5 хектари ќе бидат една од најважните придобивки на целата македонска и балканска археологија./Б.Н.Т
