Нови варијанти на добро познати фризури
Објавено: 9 септември, 2013, во 10:37 часот
На многу жени омилената фризура, коса собрана во пунџа, секоја сезона доживува преродба. Па ако пролет и лето тешко можат да се замислат без високи, растурени и лесни пунџи, така оваа есен стилистите советуваат игри на форми и детали.
Ако ги погледнеме модните писти, ќе видиме дека токму тоа го направија брендовите Viktor & Rolf, Versace и Akris. Тие ја претставија дневната варијанта на пунџа, висока, едноставна и спонтана.
А за вечерна варијанта направете нешто покомплицирано широка, ниска пунџа во шпански стил како кај Valentina Yudashkin, интересно сплетена Valentino верзија или пак форма на кошничка како што можеше да се види на ревијата на Damir Dom.
Некои од овие пунџи можеби се малку покомплицирани и сигурно не се за секој ден но со малку вежбање ќе го совладате и најтешкиот облик и како од шега ќе ја виткате на главата, горделиво носејќи ја цела есен.
