Враќање на црниот туш, на очните капаци

Објавено: 9 септември, 2013, во 08:00 часот

Во пресрет на новата сезона, можеме до бесконечност да зборуваме за „smokey eyes“ ефект, мат кармин за усни со црвена нијанса и густи трепки, но сите тие приказни ќе останат недоречени ако во нив не вметнете туш за очи.

Оваа есен е поволна за туш на очите. При тоа, не е акцентот на конкретна форма, должина или боја. Ако погледнеме неколку фотографии од ревијата на Anna Sui ќе видиме посмела верзија – капак во целост покриен со црна боја со употреба на широка четка.

А кај Carolinа Herrerа  цртите од туш се суптилни – тенки и незабележителни. На фотографиите на Dolce & Gabbana можеме да видиме како изгледа класичен изглед, погоден за ден и вечер.

На оние на кои не им се допаѓаат јасни линии и чија рака тешко успева да биде прецизна како на ревијата на Dolce & Gabbana не грижете се. Погледнете ги фотографиите  од Rag & Bone или Preen ревијата,вклучете ја фантазијата и цртајте.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.