Природни решенија за расцветани врвови на коса
Објавено: 6 септември, 2013, во 08:25 часот
Расцветаните врвови се чест проблем кај повеќето жени. Најчеста причина е прекумерна топлина и загадување. За да се ослободите од нив еве неколку решенија.
Млеко и кисело млеко
Земете половина шоља млеко и измешајте со една лажица кисело млеко. Добро измешајте и употребете ја смесата на вашето теме. Оставете 15 минути а потоа измијте.
Масло од рицинус
Измешајте рицинус, бадемово и маслиново масло во еднакви количини и ставете ја оваа смеса на косата. Завиткајте ја со пешкир и почекајте околу 30 минути. Потоа измијте ја косата со вода.
Пиво
Ставете пиво на дланките и масирајте на косата. Оставете некое време а потоа добро измијте ја косата за да се ослободите од непријатниот мирис.
Јајце
Земете една жолчка и измешајте ја со лажица бадемово масло. Масирајте го темето со оваа смеса и оставете на косата еден час. Потоа измијте ја косата со обичен шампон.
Маслиново масло
Загрејте малку маслиново масло и нежно масирајте го темето и врвовите со него. Ставете капа за туширање и оставете на косата 30 минути а потоа измијте.
Мајонез
Ставете мајонез на расцветаните врвови. Оставете да делува 20 минути а потоа измијте. За најдобри резултати користете два пати неделно.
