Конверс патиките низ историјата
Објавено: 3 септември, 2013, во 08:46 часот
Сигурно се прашувате кои се најстарите, најпопуларните и најдобро продавани патики на сите времиња? Не се ниту Најк, ниту Адидас, ниту Рибок или Њу Баланс, туку Конверс Ол Стар „Чак Тејлор“!
Во далечната 1908 година Converse Rubber Corporation прв пат започнала со бизнис. На почетокот компанијата прозведувала само гумени чевли дизајнирани за потребите кои ги наметнува тековната сезона. Но, после некое време основачите на компанијата сфатиле дека е попаметно да се изработуваат атлетски чевли. Со популарноста на кошарката, Конверс Корпорацијата ја видела потребата да се развие обувка која луѓето ќе можат да ја носат додека играат кошарка. После многу истражувања и развивање на бизнис планови, најпрвата верзија на Ол Стар кошаркарските патики била создадена во 1917 година.
Првиот оригинален модел имал земјено кафеава боја и црна гума. Во 1920 година, Конверс Ол Старс се произведувале во сосема црно платно или кожа, и бела гума. Овој модел доживеал огромна популарност откако се појавил на излозите низ САД, и оттогаш па се’ до денес е најпроизведувана кошаркарска обувка во Северна Америка, па и пошироко. Огромните количини на продадени „старки“ се заслуга на Чарлс „Чак“ Тејлор.
Чарлс Х. Тејлор бил играч на кошаркарскиот тим Ејкрон Фајрстоунс. Му се допанало се’ кај новите патики, и го видел нивниот потенцијал за користење во неговиот спорт. Всушност, верувал дека нивната продажба ќе биде успешна толку многу, што во 1921 година се вклучил во тимот за продажба на „старки“, а потоа станал играч и тренер за Конверс Ол Старс тимот во индустриската кошаркарска лига.
Низ неговата кариера со Конверс, Тејлор патувал секаде низ САД, промовирајќи ги најновите тренди патики. Бидејќи завршил огромна работа и остварил огромен придонес, компанијата решила да го стави неговото име веднаш под ѕвездата на амблемот кој стои на глуждот на патиките, со цел да му се оддаде чест. Важните измени во дизајнот биле извршени во 1932 година, и Чак Тејлор станал дел од класичниот модел на „старките“. „Чак Тејлор“ кошаркарските патики биле родени!
Наскоро сите тимови во кошаркарската лига, како и американските момчиња носеле Конверс „Чак Тејлор“ Ол Старс. За време на Втората светска војна, Чак Тејлор служел како капетан на воздухопловните сили на армијата на САД, и се сметал за важен фактор кога требало да се подигне моралот на трупите.
Зошто се’ уште сме заљубени во овој тренд?
Што има во Конверс што може да не се сака? Има милијарда причини поради кои ги сакаме овие патики, но ова се трите најголеми:
1.Едноставни се за носење
2.Служат за добра кауза
3.Можете сами да ги креирате
