Ад хок комисијата ги пегла разликите

Објавено на 22 август, 2013 во 09:13

Денеска ќе се знае дали ад-хок комисијата за 24 декември ќе ги испегла партиските разлики, по што ќе се види дали бил оправдан оптимизмот на универзитетскиот професор Борче Давитковски, дека голема е веројатноста извештајот утре да се потпише, пишува Плусинфо.

Утрово во Клубот на пратеници повторно заседаваат членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со претседателот на комисијата Давитковски и странскиот претставник Петер Ванхаусен. На денешниот состанок комисијата треба да ги утврди правните квалификации за настаните од „црниот понеделник“. Како што дознава Плусинфо, на состанокот на комисијата, пред два дена, на кој учествуваа и лидерите на двете партии Никола Груевски и Зоран Заев, поминал тензично, а најверојатно честите паузи беа за да се смират страстите на двете страни. Според извори на Плусинфо, досега биле утврдени само фактичките случувања од критичниот ден.

Опозицијата, пак, не отстапи од својот став дека извештајот за 24 декември треба да констатира прекршување на уставот и законите, што го потенцираше и лидерот на партијата Зоран Заев завчера пред почетокот на состанокот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.