Просечната плата во мај се искачила до 45.769 денари
Објавено: 24 јули, 2025, во 09:43 часот
Просечната исплатена нето плата во мај, годинава, изнесувала 45.796 денари. „Тоа е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани,“ соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според информациите на ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и образование за 14.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и рударство и вадење на камен за 5.1 %.
Просечната бруто пллата по вработен во мај 2025 година изнесувала 68.859 денари.
Дума.мк
