Совети за среќна кожа
Објавено: 17 август, 2013, во 09:39 часот![]()
Еве неколку добри трикови кои ќе помогнат кожата да зрачи и без шминка
Лице
Еднаш неделно масирајте ја кожата со маслиново масло, препорачува дерматологот Џенет Граф од Њујорк. „Ако вашата кожа е испукана и ве чеша, во маслото помешајте искршен Аспирин – ќе добиете салицилна киселина и нежен пилинг“.
Усни
Нежно исчеткајте ги усните со четкичка за заби, а потоа нанесете балсам богат со витамини.
Лакти
За да го спречите црвенилото, пред да додадете лосион, нанесете хидрокортизонска крема.
Раце и дланки
Дали вашиот сапун ги суши рацете? Потребен е лесен пилинг и редовна нега со крема за раце.
Грб
Барем еднаш месечно одете на масажа со етерични масла.
Пети
Наутро и навечер добро измасирајте ги, а потоа нанесете крема.
Цело тело
Избегнувајте жежок туш! Со жежок туш ја дехидрирате кожата и таа изгледа како да е „испечена“.
