Кога да ја смениме шминката?
Објавено: 14 август, 2013, во 11:19 часот
Сјајот за усни, карминот, пудрата и течната основа за шминка може да се користат две години, а миловот за усни и очи, сувото руменило и камената пудра на три години. Тоа се препораките на британските научници.
Рокот на траење на козметичките средства најмногу зависи од количеството на вода содржано во нив. Постепено водата испарува и почнуваат да се развиваат бактерии. Козметичките средства се расипуваат и многу порано од наведениот рок доколку не се чуваат соодветно.
Соодветно чување е темно, ладно и чисто место, а околната температура не треба да биде ниту премногу ниска, ниту премногу висока. Капачињата затворајте ги добро и не ја позајмувајте козметиката на други луѓе.
Бактерии можат да се развијат и на четките за шминка, затоа треба да се мијат еднаш неделно, а тие што се користат за очи и почесто.
Никогаш не купувајте и не пробувјте козметички препарат што стоел на излог или долго како тестер пробуван од многу луѓе. Тој е најчесто инфициран.
Запамтете дека цената на козметичките препарати не е гаранција за трајноста. Скапата има трајност исто колку и евтината.
