Усни за бакнување

Објавено: 13 август, 2013, во 09:02 часот

Пијте многу вода и навлажнувајте ја кожата редовно вклучувајќи ги и усните. Кога е студено или има ветер, заштитувајте ги усните со балсам.

Обидете се да не ги лижете усните, да не ги фаќате со прсти и да не ги кинете кожичките кога ќе испукаат. Така уште повеќе се иритираат и се продолжува периодот на заздравување.

Забележувајте ги знаците. Пукнатините на аглите на усните покажуваат недостаток на витамин Б2 или слабокрвност.

Негувајте ги усните. Прво што треба да направите е добар пилинг. За него ви е потребно:

1 чајна лажичка мед

1 чајна лажичка сода бикарбона и маслиново масло.

Измешајте ги медот и содата додека не се изедначат. Намачкајте ги усните и оставете смесата да отстои на нив неколку минути. Нежно истријте ги усните. Измијте ги со млака вода. Не бришете ги, оставете природно да се исушат за да си примат влажност. Намачкајте ги на крај со маслиново масло или со несолен путер.

Потоа слободно бакнувајте се!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.