Утре и во четврток ќе се полага државна матура
Објавено: 12 август, 2013, во 12:45 часот
Матурантите кои не ја положија државната матура во првиот рок ќе можат да полагаат утре и во четврток.
Бројот на пријавеникандидати за августовскиот рок бил ист како и минатата година. Годинава имало само 16 матуранти повеќе пријавено. Од Државниот испитен центар соопштија дека резултатите од полагањето ќе бидат објавени до крајот на месецотм за да може матурантите да се пријават на факултетите во вториот уписен рок, 3 и 4 септември.
Мајчин јазик и литература во августовскиот рок ќе полагаат 518 матуранти. Од нив 237 македонски јазик, 264 албански и 17 турски јазик.
Годинашната е шеста генерација која полага државна матура од нејзиното воведување. Таа е услов матурантот да продолжи со високо образование. Матурантите кои во јуни ги положија двата дела од завршниот испит, на крајот на неделава (15-ти и 16 август) ќе се пријавуваат за упис на факултет.
