ЛП бара власта да се огради од барањата за прекин на преговорите за името

Објавено на 10 август, 2013 во 13:15

Либералната партија бара власта да се огради од барањата на невладини организации и групи, како СМК и „Македонски манифест“ и на нивните повици за прекин на преговорите околу спорот за името. Барањето се однесува и за 100 годишнината од Букурешкиот договор.

Во соопштението на партијата стои дека некои од овие организации биле или се предмет на буџетска поддршка па затоа молкот на власта ќе значи дека таа и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните коалициони партнери се премолчани партнери и поддржувачи на тие активности.

„Ваквиот впечаток може да ги влоши преговарачките позиции на Македонија во спорот и да создаде атмосфера на владино покровителство за надворешно-политички авантуризам, што може да предизвика долгорочни последици по внатрешната стабилност“.

ЛП потсетува и на „ обврската за придржување кон меѓународните документи што Македонија ги потпишала, како и на принципот на непроменливост на границите гарантиран токму со меѓународните организации и документите кон кои има пристапено и врз основа на кои државата ја оствари независноста“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.