Нема интервентен откуп на пченица но Владата не го исклучува
Објавено: 6 август, 2013, во 15:06 часот
Владата засега не планира да врши интервентен откуп на пченицата, туку само ги поттикнува земјоделците и откупувачите да го почитуваат договореното во врска со откупот на пченица. Владата го соопшти ставот откако претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров, во изјава рече дека очекува владата да направи интервентен откуп на пченицата.
– Одлука за интервентен откуп на лебното жито нема, но не се исклучува можноста да се направи доколку има потреба за тоа. Сега сме фокусирани на тоа да се поттикнат договорените страни да го реализираат договореното – рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Според Владата досега се откупени 80.000 тони пченица или 60 до 65 отсто од вкупното производство во државата.
