Маички со натпис – хит ова лето !

Објавено: 6 август, 2013, во 07:39 часот

Маичките кои носат порака беа хит во деведесеттите години а својата популарност ја должат главно на музичките групи,бидејќи токму тие,со својата облека на концертите ја пренесуваа пораката и своите ставови на публиката која ги сака.

Многу брзо креаторите ги ставија во своите колекции па денес поголемиот дел од еминентни модни куќи во својата понуда имаат бели маички со иницијали на својата модна куќа. Воедно тоа се и најпродаваните маички бидејќи  дамите кои ја следат модата тешко им одолеваат на брендираните класични маички.

Маичките со натписи се одличен вид на комуникација и изнесување на вашиот став. Нема причина зошто не би комуницирале по пат на маички со натписи. Тие се сјаен пано на кој може да се изразат разновидни пораки. Можеме да бидеме смешни,иронични,да испратиме повик некому или да дадеме јасна порака.

Ова лето се апсолутен хит! Комбинирајте ги со фармерки, лесни летни сукњи и впечатлив накит. Одберете натпис кој најмногу ви се допаѓа и поделете ги своите мисли и ставови со сите кои тоа ги интересира.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.