Како старите фармерки да ги претворите во модерен шорц ?
Објавено: 5 август, 2013, во 08:23 часот
Шорцевите и понатаму се најпопуларното парче гардероба во топлите летни месеци. Жените ги обожуваат бидејќи ги олеснуваат летните комбинации,практични и секогаш се во тренд а заземаат многу малку место во куферот.
Меѓутоа наместо непотребно да трошите пари и часови испробувајќи разни модели по продавниците можеби е време да ја разбудите креативноста и сами да направете шорц од излитени стари фармерки кои и онака сте мислеле да ги фрлите.
Облечете ги фармерките застанете пред огледалото и со фломастер или креда означете на должината на ногавиците која ја сакате. Соблечете ги фармерките и ставете ги на маса така да половината да паѓа природно,предната страна мора да биде пониска од задната,со рамна линија означете ја должината и пресечете ги ногавиците.
Доколку сакате превртени ногавици свиткајте го работ,со пегла фиксирајте го добро па уште еднаш превиткајте и повторно поминете со пеглата.
Ефектот на стар шорц како и излитени рабови најмногу ќе дојдат до израз после првото перење. За забрзана постапка со рапав камен за петици исчеткајте ги рабовите на џебовите,дупчињата и ногавиците.
Ако сакате дополнително да ја изразите својата креативност,пуштете ја фантазијата на волја. Можете да ги украсете со бисерчиња,разни ткаенини и украси ил да исцртате со маркери на ткаенината а а оваа сезона посебно атрактивни се индиските мотиви.
