Кавадарци без рестрикции во водоснабдувањето!
Нормализирано е водоснабдувањето во Кавадарци. Рестрикции нема, единствено во повисоките зони од градот се намалува притисокот, информираа денеска од ЈП Комуналец Кавадарци.
“Саниран е големиот дефект кој настана на водоводната линија фи 150 од каде со вода се снабдуваа високата зона запад од градот како и селата Возарции Шивец. Овие граѓани имаат редовно водоснабдување. Се подготвуваме да започниме со целосна промена на таа линија“ ни рече денеска раководителот на организациона единица Водовод при ЈП Комуналец Кавадарци, Марјан Прескакулев.
Тој се надева дека за разлика од минатите години кога преку лето беа изразени рестрикциите на водата оваа година со максимални напори ќе имаме редовно водоснабдување. Можно е повисоките делови од градот да се соочат со намален притисок, но не и со целосен прекин на водосанбдувањето.
Сепак, од Комуналец апелират граѓаните во овие жешки денови рационално да ја користат водата за пиење, да не полеваат земјоделски и дворни површини како не би се појавил проблем во водоснабдувањето.