Земјотреси во Грција и Турција

Објавено: 30 јули, 2013, во 09:19 часот

Умерени земјотреси  со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Мраморното Море, а бил почувствуван и во Истанбул.

Епицентарот на потресот се наоѓал под морското дно. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени утринава е регистриран и крај брегот на грчкиот остров Самотраки во северниот дел на Егејското Море.  Епицентарот на потресот е бил на 29 километри југоисточно од островот. Според грчки сеизмолог, можни се и вторични потреси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.