Совршен рецепт за супер мазни нозе

Објавено: 29 јули, 2013, во 07:34 часот

После овој третман ќе имате мазни нозе како никогаш досега!

Состојки:

1 мала шоља шеќер (бел или кафеав сеедно е)

1/3 мала шоља масло (маслиново масло,беби масло или какво и да е масло кое ви е достапно)

2 лажици сок од лимон

1 дo 2 бричеви за еднократна употреба

Постапка :

Измешајте се заедно во сад. Држете ги нозете под вода 5 минути па избричете ги.

Нанесете ја смесата од шеќер,масло и лимон на нозете( шеќерот ќе помогне д аги отстраните мртвите клетки од кожата). Измијте ја смесата од нозете а потоа повторно избричете се. Ќе се изненадите колку мртви клетки ќе избричете од себе.

Повторно истријте ги нозете до смесата од шеќер,масло и лимон па повторно измијте(употребете благ сапун или гел за туширање за да ги отстраните остатоците од маслото. Нанесете го својот омилен лосион и воодушевувајте се колку нозете ви се мазни.

Совет + : Со оваа смеса можете да ги истриете и своите стапала но и остатокот од телото. Ова е природен и ефикасен пилинг после кој кожата ќе ви биде нежна,мека и хидрирана!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.