Тренди очила за ова лето

Објавено: 27 јули, 2013, во 07:30 часот

Иако секоја сезона донесува нови трендови некои успеваат да се одржат и повеќе сезони. Еден од трендовите кои веќе неколку сезони е многу популарен секако се округлите очила за сонце.

Округлите очила за сонце веќе подолго време се главен моден додаток на некои од најдобро облечените жени на светската сцена како  Beyonce, Hanneli Mustaparte, Olivijа Palermo, Alexe Chung, Ashley и Mary Kate Olsen.

На популарноста на овој модел на очила секако допринесе и фактот дека тие одговараат на речиси сите форми на лице а освен што можете да избирате меѓу класични црни или кафеави ова лето особено „ин“ се моделите во посветли бои – боја на пудра,нежна розова или сива,со стакла во слична боја. Овие бои добро одговараат и на светла и на темна боја на коса а во таква нежна боја убаво ќе одговара и потемнет и светол тен. Секако,сакате ли бои слободно за себе изберете јаки тонови и тргнете во летна авантура со нив!

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.