Сведоштво на Ристо Ванчов: „Трогателна беше сликата во Скопје по земјотресот“
Седумдесет и тригодишниот кавадарчанец Ристо Ванчев, како студент пред 50 години бил активно вклучен во студентската бригада и учествувал на повеќе работни акции на просторите на поранешна Југославија. Со својата бригада активно учествувал и во расчистувањето на урнатините од земјотресот кој на 26 јули 1963 година го погоди главниот град на државата, Скопје. Денеска кога се навршуваат 50 години од тој немил настан Ванчов ги сподели со јавноста спомените од неговиот придонес во расчистувањето на рушевините од земјотресот.
„Во јули месец како студентска бригада од скопските факултети бевме на акција на делницта Смедерево-Белград,во месноста Осипаоница. Требаше да бидеме од 1 јули па се до крајот на месецот..Сега најповеќе се присетувам кога сабајлето на 26 јули, бригадирите на четите не разбудија од шаторите и ни кажаа дека Скопје го фати силен земјотресе и дека е целосно разрушен град. . Не знааеа во тој момент да кажат колку има мрти. Таа вест многу не погоди. Сите почнавме да плачиме. Се донесе наредба нашата бригада да се повлече назад во Македонија и да помагаме во расчистувањето. Автобусите пристигнаа по 5 часот попладне и веќе во 6 часот тргнавме за Скопје. Патувавме цела ноќ и утреизутрина стигнавме во Скопје. Се сеќавам, кај сегашната сала Борис Трајковски се симнавме и ги поставивме нашит е шатори, а потоа ги чекавме задачите“ се пристува Ванчев и нагласува дека сликата што ја виделе била повеќе од трогателна.
„Моите колеги од бригадата половина беа скопјани. Сите плачевме. Дел од нив замина да си ги видат своите најблиски дали се живи и здрави, своите куќи. Добивме задачи и се вклучивме во расчистувањето на рушевините. Беше жалосно да се гледа. Имаше и живи и мртви, имаше и странци кои загинаа во земјотресот. Пискотници се слушаа од секој крај, од секоја улица. Офицертскиот дом беше целосно срушен, Скопје личеше на голема рушевина. Ние работевме неколку дена, додека да се подредат ситуациите. До тој момент не знаев дека сум едини кавадрчанец во студентската бригада која беше вклучена во овие задачи. Не се спиеше, не се јадеше. Сите гледавме да дадеме што поголем придонес во акцијата, да помогнеме да извлечиме што повеќе преживеани. Но ни за момент не се почувствувавме уморни. Хуманоста и човечноста ни беа на прво место.“ рече Ванчов.
Тој се присети и на моментот кога со ударничка униформа се вратил по неколку дена од Скопје во Кавадарци. „ Кога си дојдов во Кавадарци, на корзото тогашно, покрај киното Балкан, се почувствував многу горд. Кога другарите ме видоа со ударнички алишта сите почнаа да ми аплаудираат, бидејќи знаеја дека со мојата бригада помагав во отстранување на последиците од земјотресот“ вели овој кавадарчанец кој добил неколку награди и признанија за своето учество и придонес во студентските акции.
„Помош пристигнуваше од секаде. Хуманост и солидарност пристигнуваше од целиот свет. Треба да бидеме среќни што Скопје за кратко време се изгради и прерасна денес во една европска метропола“ ни рече овој кавадарчанец.