Стејт департментот се надева на брзо решение на спорот со името
Објавено: 25 јули, 2013, во 08:35 часот
Стејт департментот излезе со соопштение за прашањето за името, јави МИА.
– Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и на Грција ќе најдат взаемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот – стои во соопштението.
Соопштението на Стејт департментот е издадено пред посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон и по неговото одбивање на поканата на премиерот Никола Груевски за интензивни средби за решение на спорот со името.
