Бугарската полиција ги ослободи пратениците

Објавено: 24 јули, 2013, во 09:23 часот

Осум демонстранти и двајца полицајци се полесно повредени во синоќешните протести пред бугарскиот парламент, во кои, повеќе стотитици демонстранти се судрија со полицијата, спречувајќи ги пратениците да излезат од собранието, јави бугарските медиуми.

Во акцијата на полицијата да ја прекине блокадата на парламентот и да ги ослободи министрите и парламентарците кои се наоѓаа во зградата, дојде до судири со демонстрантите кои извикуваа „Мафија“ и „Оставка“.  Дел од нив, фрлале пластични шишиња и други предмети врз добро обезбедуваниот автобус, со кој пратениците требало да заминат од Собранието, каде дебатираа за ребалансот на буџетот.

Во парламентарната зграда беа блокирани министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев, министерот за финансии Петар Чобанов, и министерот за труд и социјална политика Хасан Адемов. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев апелираше синоќа за смирување на ситуацијата и избегнување на провокации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.