Пробајте маска од ананас за сјајна кожа
Објавено: 24 јули, 2013, во 08:26 часот
Оваа пилинг маса од ананас на кожата ќе и ја врати свежината и сјајот.
Нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата а овошната киселина од ананас го затегнува лицето.
Потребно е :
Еден среден по големина ананас, шоља ладен чај од камилица,2-3 лажици пченично брашно. Пресечете го ананасот и отстранете ја средината и пасирајте ја во блендер. Додадете 2 лажици чај од камилица и брашно и се добро измешајте.
Така подготвената смеса нанесете ја на претходно исчистеното лице,врат и деколте. Оставете да делува 15 минути а потоа отстранете ја со помош на вата натопена во вода.
На крај измијте се со остатокот од чај од камилица.
