Заштитени пет Царски орли во Тиквешијата
Поставени се 5 сателитски трансмитери на млади грабливи птици од видот Царски орли во Тиквешијата. Ги поставија “Унгарското орнитолошко друштво за зачувување на природата” во соработка со “Здружението за зaчувување на природата – АКВИЛА” од Кавадарци.
Активистите на овие здруженија велат дека царските орли се загрозен вид и најголем дел од нив се наоѓаат во Унгарија, бидејќи таму се превземаат конзерваторски мерки за заштита.
– Царските орли во Македонија се гнездат во централниот и јужниот претежно степски дел од државата и нивните гнезда се најчесто на големи дрвја во низините или речните долини, но во последно време заради недостаток од погодни дрва ги одбираат високонапонските далекуводи како можно гнездечко место, рече Емануел Лисичанец од Аквавила.
Бидејќи само 10% од младите птици доживуваат полова зрелост, формираат двојки и продолжуваат со размножување граѓанските здруженија превземаа акција за нивна заштита.
– Тоа беше и главна причина за оваа акција за поставување на сателитски трансмитери на пет царски орли. Уредите се поставени на грбот на птиците као ранец и се фиксирани со посебни тефлонски траки кои се зашиени со забарски конец. Трансмитерите се со тежина од околу 2% од тежината на орелот. Се напојуваат со соларни келии и можат со години скоро секој час да испраќаат точни ГПС координати за движењето на обележаната птица. Доколку птицата доживее полова зрелост и некаде загнезди, постои можност да се улови со посебни кафези и да и се отстрани трансмитерот, рече Лисичанец.
Овие љубители на природата очекуваат дека со сателитските трансмитери ќе добијат податоци за тоа каде мигрираат царските орли за да можат да превземат соодветни мерки за заштита./А.Д