Морнарско е во мода
Објавено: 19 јули, 2013, во 09:15 часот
И ова лето многу колекции се инспирирани со морнарски стил. Линии,тегет,бела и црвена боја прават да изгледате ведро и морски.
Летен фустан
Лесен фустан и рамни обувки и подготвени сте за летните жештини. За вашата комбинација на облекување да биде поинтересна,изберете чанта со тегет бели линии.
Шармантни морнарски линии
Памучна маица со морнарски линии и марама на деколтето и ќе бидете во морнарски стил. Доколку со тоа облечете и џинс бермуди со рамен крој доживувањето е потполно.
За плажа
Доколку сте тргнале во опуштена прошетка покрај море памучна маица со тегет бели линии е добар избор. Со таа варијанта ви е потребна чанта за плажа во која ќе ставете се,од паричник и мобилен телефон до крем за сончање. Морнарското е во мода.
Едноставно
Комбинација на беа маица со едноставен крој и син шорц дава отмен морнарски изглед. За денот да ви биде пријатен облечете рамни обувки.
Работно
Уште не сте на одмор,се подготвувате за работа а сакате да го следите морнарскиот тренд со убавите сончеви денови. Имаме предлог за блејзер тегет бел со везен морнарски мотив добро се комбинира со звонести панталони со висок појас. Оваа комбинација најдобро им стои на високи и витки дами.
