Амбасадорот на САД во посета на Росоман!
Објавено на 18 јули, 2013 во 14:37
Посетата на општина Росоман, абасадорот на Соединетите американски држави, Пол Волерс денеска ја започна со обиколка по плантажите на земјоделското претпријатие „Душан Ќириќ“.
Придужуван од сопственикот Ќире Шошев, Волерс, се запозна со дејноста што ја врши оваа фирма. Се интересираше за лозовите и плантажите со праска. За начинот на чување, класифицирање и извозот на праската. Бројката на вработени, капацитетот, искуствата и плановите на фирмата.
Посетата на Росоман се официјализираше во кабинетот на градоначалникот Стојанче Лазов. Волерс вети дека ќе продолжи подршката од УСАИД на општински проекти.