Палазо панталоните се нов летен тренд!
Објавено: 18 јули, 2013, во 08:03 часот
Широки и неверојатно удобни панталони кои ги обележаа седумдесеттите оваа година се враќаат на модната сцена. Овие удобни и лесни панталони совршено одговараат на секој облик на телото.
Тие се совршен избор за лесни летни изданија кога сакате да изгледате модерно а сепак да уживате во леснотијата на материјалот. Експериментирајте со дезени и изберете нешто што нема да остане незабележано.
За дневна комбинација изберете ги оние со цветни шари додека за нешто поелегантен изглед изборот е бели панталони. Во вечерните часови комбинирајте ги со тесни кошули или летни корсети и пар високи штикли во силни,неон бои.
