Продолжуваат демонтациите во Софија
Објавено: 15 јули, 2013, во 18:20 часот
Демонстранти и вечерва има на улиците на Софија. Се собираат пред зградата на Министерскиот совет. На 32-от ден на протести против Кабинетот на бугарскиот премиер Пламен Орешарски демонстрантите извикуваат „Граѓаните во власта, веднаш“ и носат плакати со повици за оставка, oбјавија бугарски медиуми.
Протести континуирано се одржуваат еден месец. Почнаа на 14 јуни по изборот на Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). И покрај тоа што тој беше отповикан од функцијата демонстрантите продолжија со протестите на кои бараат оставка на Владата.
Има и контра протести во Софија, за поддршка на Владата. Тие собрале 165.000 потписи и го обвинија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дека „создава поделби меѓу луѓето“.
