Неприлагодената брзина го зголеми бројот на сообраќајни незгоди!
Во пораст е бројот на сообраќајни незгоди во кавадаречко. Само во првото полугодие на 2013 година се случиле 115 сообраќајни незгоди. Споредено со лани истиот периоид, годинава се случиле 34 незгоди повеќе.
.Заклучно со јуни годинава три лица се жртви во сообраќајна незгода од кои 2 починале на лице место, а едно триесетина дена по незгодата.
„Во 17 незгоди има лица со потешки повреди, во 40 со полесни и во 55 незгоди кои се случиле годинава направена е само материјална штета“ рече командирот на полициското одделение за безбедност на сообраќајот на патиштата при кавадаречката полиција, Зоранчо Добринов.
Неприлагодената брзина на возење како причина е евидентирана во полициската статистика во 31 незгода. Не држењето страна на движење е причина во 18 случаи, првенството на минување во 10 и употребата на алкохол во 16 незгоди.
Апелот на полицијата е сите возачи да покажат поголемо внимание кога се вклучени во сообраќај, да не управуваат под дејство на алкохол, а брзината секогаш да им биде прилагодена спрема условите кои ги налага патот. Посебно се апелира до младите да го запрат дивеењето низ градот со мопеди, бидејќи и тие во голем процент ја полнат црната статистика за несреќите./А.Д