Со тужба ќе се докажува загадената животна средина во Кавадарци!
Екологистите од Еко живот и компанијата Урбан инвест ќе ја подигнуваат еколошката свест на кавадарчани. Нивна цел ќе биде заштитата на животната средина во градот за која сметаат дека ја загадува Фени. На денешната прес конференција тие презентираа Истражување на Универзитетот „Гоце Делчев“ според кое загадувањето на градот е за 70 пати поголемо од дозволеното.
Поборниците за здрава животна средина планираат да спроведат чистење и детоксикација на почвата и најавија дека со тужба ќе го докажуваат загадувањето во градот.
– Преку тужба до Основен суд Велес ќе го докажуваме загадувањето. Го чекаме првото рочиште, рече сопственикот на Урван инвест, Јован Грков.
Од Еко живот соопштија дека главна цел во наредниот период ќе им биде загадувањето од Фени.
– Ќе се потрудиме да го привлечиме странското внимание бидејќи молчат домашните институциите. Во загадувањето придонес имаат и пестицидите и депонијата Мелци , но главен причинител е Фени и никој друг рече, претседателот на Роберто Паризов.
На денешната прес конференција реагираа од Фени индустри од каде изјавите на сопственикот на Урбан инвест и првиот екологист на Кавадарци ги нарекоа неосновани обвинувања. Повторно соопштија дека располагаат со аргументи и докази дека не се голем загадувач од сите релевантни институции, како од министерсвата за животна средина и економија, националното тело за Општествена Одговорност кое е под покровителство на Европската Комисија и бројни други релевантни фактори.
„Ова е уште еден очаен обид на една фирма која до вчера му продаваше варовник на ФЕНИ, а откако си го продаде каменоломот и го изгуби ФЕНИ како купувач, бара друг и за жал нелегален начин за заработка“, стои во соопштението на Фени индустри.
Од таму оставаат кавадарчани сами да проценат која компанија била вистински поборник за заштита на животната средина и потенцираат дека инвестирале 12 милиони евра за заштита на животната средина./ А.Д