Граѓанските здруженија ќарија пари од општината!
24 невладини организаиции и здруженија се пријавиле на Јавниот повик што го објави општина Кавадарци за прибирање на барања за користење на средствата од буџетот на општината за финансирање на нивни проекти и активности.
10 илјади евра се изводени од општинската каса за подршка на невладиниот сектор.
Кавадаречкиот совет на последната седница ја усвои одлуката за распределба на финансиски средства. По 10.000 денари добиваат Здружението на глуви и наглуви лица, спелеонуркачкиот клуб „Врело“, организација на жени „Визија“, Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна, Здружението на спортски риболовци “Рибари Оскар“, здружението на глуви и наглуви лица Кавадарци, “Порака“, локален центар за подршка на демократијата и развојот, Здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност и здружението на слепи лица. 15.000 денари ќе се доделат на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци.
Со по 20.000 денари општината ќе ги помага програмите и активностите на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, еколошко друштво Тисовец“ с. Возарци, Совет за превентива против малолетничка деликвенција, Сојуз на здруженијата за техничка култура-Народна техника.
Од општинската каса по 30.000 денари ќе бидат трансферирани до Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Живот“, Здружение асоцијација за односи со јавноста на Македонија-Скопје, здружението на приватни здравствени установи по стоматологија и општинската организација на Црвен Крст Кавадарци.
39.000 денари ќе добие здружението Вешта жена, 40.000 денари здружението на граѓани за заштита, рехабилитација и организација на децата Кавадарци. Здружението на граѓани „Зона“ за своите активности ќе добие 60.000 денари, а здружението Ластарчиња 90.000 денари.
Од општината нагласуваат дека пред да ги доделат парите спровеле анкета и ги прегледале предлозите и ја подготвиле општинската програмата за развој на невладин сектор. Како што стои во одлуката на општината, сето тоа го правеле за транспарентно и одговорно работење.