Поранешен шеф на бугарското разузнавање обвинет за проневера

Објавено: 3 јули, 2013, во 10:46 часот

Поранешниот директор на Националната разузнавачка служба во Бугарија, Кирчо Киров, е обвинет за проневера.

Тој се соочува со обвиненија за проневера од 5 милиони евра, голема сума на долари и лекови од јавните фондови за време на својата служба.

Киров изготвил 1.100 лажни документи за непостоечки трошоци. По спроведената истрага, софиското воено обвинителство денес поднесе обвинение пред Воениот суд. Ако биде прогласен за виновен, Киров ќе се соочи со затворска казна од 10 до 20 години и конфискација на целиот негов имот.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.