Восок за депилирањеод природни состојки

Објавено на 27 јуни, 2013 во 08:10

Добро е да се проба восок направен во домашни услови и со природни состојки бидејки во него нема хемиски препарати како во купечките.

За да го подготвите ви требат:

200г шеќер

150-200г мед

1/2 лимон

10 капки есенцијално масло (изберете го она што не ја иритира вашата кожа и чиј мирис пријатно делува на вашите сетила)

Начин на подготовка

Ставете го шеќерот во сад и загревајте го на тивок оган. Мешајте со дрвена лажица за шеќерот да не изгори и оставете нека проврие две минути. Тој ќе биде готов штом добие златеста боја. Тргнете го од шпоретот и додајте го маслото. Ова ќе му даде убав мирис. Потоа вратете го на оган (повторно тивок), додајте го медот и мешајте. Исцедете го и сокот од лимонот додека мешате. Штом ќе се соединат сите состојки, смесата е готова. Процедете ја низ чиста памучна газа и оставете даотстои две минути. Мешајте ја смесата додека не формира изедначена златна боја и складирајте ја во добро затворена тегла во фрижидер.

Користете го восокот по потреба така што ќе го оставите претходно во жешка вода да смекне (во поголем сад со врела вода се става теглата со восок).

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.