Совети за измазнување брчки!
Објавено: 24 јуни, 2013, во 07:36 часот
Брчките се создаваат поради стареење, стрес и сува кожа. По 30-те се препорачува употреба на креми против брчки. Особено внимание треба да обратите на подрачјето околу очите, носот и устата. Тие подрачја секогаш треба да бидат добро навлажнети. Еве неколку совети како да ги измазните настанатите брчки.
1.Земете една лажица ладно млеко и додадете 3-4 капки сок од лимета. Втријте ја добро оваа смеса во брчките пред да одите на спиење. Следното утро измијте со топла вода и грубо исушете со крпа. Уште еднаш втријте ја кремата во правец спротивен од брчките. Почекајте половина час и измијте. Избегнувајте користење на сапун.
2.Втријте внатрешност од зелена папаја на лицето и оставете половина час. Потоа измијте го лицето. Ова е многу добар тонер.
3.Втријте бадемово масло на брчките во движења кон горе. Оставете преку ноќ и наутро измијте со топла вода.
4.Отворете капсула со витамин Е додадете половина лажица глицерин и ставете на лицето. Измијте после 20 минути.
5.Измешајте пола лажиче мед со една лажица оризов прав. Оставете половина час и измијте.
6.Измешајте едно лажиче мед со една лажица кисело млеко. Нанесете на лицето. Измијте после 20 минути.
Напомена: лечењето на брчките на овој начин треба да го правите секој ден во период од 30 до 40 дена за да имате ефект.
