Работи кои морате да ги имате ова лето!

Објавено: 24 јуни, 2013, во 07:06 часот

Топлите денови пристигнаа и секоја вистинска љубителка на модата мора да биде подготвена за претстојното годишно време и трендовите кое тоа ги носи.

Линии

Линиите на голема врата се вратија на модната сцена и според досега виденото и понуденото станува збор за најголем моден хит оваа сезона. Минува токму се линиесто и црно бело но најдобар е краткиот фустан.

Сукња со цветен принт

Летото е незамисливо без добра сукња но и без својот заштитен знак-цвеќето. Кога ќе ги споите тие две работи,ќе го добиете она што е неопходно за претстојната сезона – цветна сукња. Алтернатива е само дезенот на црно-бело.

Тексас шорц

Има ли нешто поубаво од тоа да се облечат минијатурни крпчиња и да се препуштите на уживање на сончевите улици. Новата сезона е вистинско време да ги покажете своите адути. Тексас шорц е летна класика, добредојден во сите бои, но се чини дека оваа година особено атрактивен е оној светлиот, по можност бел. Веќе сега морате да имате еден пар.

Минт зелена

Минт зелена и нејзини сродни нијанси е боја која на сите добро им стои а ова лето ќе игра значајна улога. Хит е речиси се во оваа освежувачка нијанса,особено панталоните.

Анимал принт

Преубавите анимал принт примероци станаа стандард и нема смисла секои неколку месеци да се потсетуваме дека се повторно во мода. Со нив нема никаква грешка. Својата дива страна и сексапил во новата сезона најдобро ќе ја изразите со хеланки со анимал принт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.