Строго мазна фризура е нов тренд – на кој најмногу му одговара?
Намазнетата коса е нов тренд кој на модните писти и црвените теписи го вратија модните имиња како што се Dior, Gucci и Elie Saab. Овој тип на фризура го обожуваат бројни ѕвезди како Emmа Watson, Rooney Mare, Jessicа Chastain, Umа Thurman и Olivijа Palermo,а нејзина предност е во тоа што поднесува посилен makeup и совршено ги истакнува цртите на лицето.
Строго намазнетата фризура најдобро е да се направи со свежо измиена коса во спротивно косата би можела да изгледа мрсна.
Косата треба да се подели на длабок патец на два дела и да се собере во низок дел. Остатокот од косата потоа замотајте го околу опавчето за да добиете пунџа и да ја зацврстите со лак за да не ви се растури.
Овој тип на фризура е идеален за жешките летни денови затоа што ја држи косата настрана од лицето но и за свечени моменти бидејќи истовремено делува елегантно и модерно.
