Домашно подготвени маски за сите видови на кожа!
Ви нудиме две маски лесни и брзи за подготвување. Маските одговараат за нормална, масна и комбинирана кожа.
Маска со цитрон
1 лажица сок од цитрон
2-3 капки масло од цитрон (или друго, на пр., маслиново или бадемово)
1 белка
1 лажица толчени бадеми (непечени и незасолени)
Белката се мати да се формира снег, се додаваат бадемите, маслото и сокот од цитрон. Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на лицето. Нека отстои 20 минути. Исплакнете го лицето напоредно со топла и ладна вода. Ако го чувствувате суво, намачкајте го со хидрантен крем.
Маска со лимон
1 лажица сок од лимон
1 лажица мед
2 лажици глина
1 лажица екстракт од камилица (како замена може да се искористи и чај од камилица)
Се мешаат сите состојки додека не се добие хомогена смеса. Ако е сува или течна додајте или одземете од количината на екстрактот/ќајот од камилица. Намачкајте го лицето и оставете да отстои 20 минути. Исплакнете го со ладна вода. Ако го чувствувате суво, намачкајте го со хидрантен крем.
