Крводарувањето нема граници. Девет години успешна соработка!
Драган Кочовски од Кавадарци кој што досега својата драгоцена течност ја дарувал сто пати беше дел од кавадаречкиот тим на крводарители што организирани од Црвениот Крст беа на возвратна посета кај своите пријатели од Ковин, Србија.
Кочовски и овде даруваше крв. Вели дека секогаш се води од хуманоста и желбата со својата крв да спаси нечиј живот. Уште петнаесетмина други крводарители исто така дарува крв во Ковин.
Дека хуманоста нема граници, овие добри пријатели хуманисти покажаа и на ова дружење во Ковин. Сега крводарителите од градот на грозјето и виното помогнаа да се зголемат крвните резерви во Ковин. Соработката трае девет години веќе наредната ќе се прослави и јубилеј од 10 години.
„ Во октомври годинава околу есенскиот панаѓур нашите пријатели од Ковин ќе дојдат повторно во Кавадарци кога ќе имаме ново другарување но и уште една од низата заеднички акции“ рече Димитар Каракулев, претседател на ОО на Црвен Крст Кавадарци.
И младите волонтери на кавадаречкиот Црвен Крст беа во Ковин. Разменуваа идеи и искуства како поуспешно да ја продолжат хуманата мисија. Имаа заеднички штанд на кои се делеа едукативни флаери.
Пред девет години Кавадарци и Ковин потпишаа меморандум за збратимување и од тогаш двете општини негуваат успешна соработка./ А.Д