Деветмина уапсени на синоќешните антивладини протести во Бугарија!
Објавено на 19 јуни, 2013 во 08:21
Девет лица се уапсени на синоќешните протести кои петти ден по ред се одржуваат пред зградата на Владата во Софија. Бугарската полиција соопшти дека станува збор за лица кои поседувале ладно оружје.
Синоќа на протестите во Софија се собрале околу 7000 лица. Протести имало и во Пловдив и во Варна.
Протестите ги предизвика изборот на Делјан Пеевски за нов директор на Државната агенција за национална безбедност. Контроверзниот бизнисмен е и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи.
И покрај повлекувањето на Пеевски од функцијата уште наредниот ден протестите продолжија со барање од демонстрантите за оставка на Владата и за одржување нови избори во Бугарија.