Денеска сончево со тропски температури!
Објавено на 19 јуни, 2013 во 06:10
Денеска и во четврток се очекува целата територија на државата да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза, според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Денеска температурата ќе достигне до 39 степени, а УВ индексот 8.
Според метеоролозите тропски температури ќе имаме се до крајот на неделата.
Граѓаните за време на тропските температури треба да избегнуваат директна сончева изложеност, подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.