Ердем Гундуз го смени начинот на протести во Турција!
Објавено на 18 јуни, 2013 во 15:44
Гундуз по професија кореограф застана на плоштадот Таксим и немо гледаше во знамето на Турција. Така стоеше со часови се додека останатите граѓани несватија што прави и дека тој мирно протестира па почнаа да го следат неговиот пример.
Потоа стотици граѓани застанувале и молкум гледале во знамето на нивната држава. Овој начин на протест ги зафати деловите каде се фокусирани најголем дел од протестите. Фотографија на Гундуз беше објавена и многу бргу стана хит на Twitter.
Гундуз и граѓаните со часови стоеле во иста позиција на плоштадот Таксим. Доцна вечерта дошла полицијата која почнала да апси.