Слаб интерес за бесплатна правна помош!
Граѓаните на Кавадарци веќе покажале интерес за користење на бесплатна правна помош. Десетина лозари кои имаат проблем околу наплата на побарувањата од визбите, веќе биле корисници на бесплатна правна помош.
Ова денеска во Кавадарци на работната средба на која се согледуваше примената на Законот за бесплатна правна помош го рече Гоце Коцевски од Здружение на млади правници на Македонија,но нагласи дека анализата од спроведувањето на законот за бесплатна помош во остварување на правата на граѓаните покажала недоволна искористенот на бесплатна правна помош.
„Законот се применува но, бидејќи има многу неквалитетни одредби е отежната неговата примена. Мал е бројот на поднесени барања за бесплатна правна помош, ако се земе во предвид моментот дека една третина од населението во земјава е сиромашно“ рече Коцевски и нагласи дека опаѓа бројот на поднесени барања.
Беа презентирани и наодите од „Анализата на примената на Законот за бесплатна правна помош во периодот од 2010 до 2012 година. Работната средба е дел од поширока јавна дебата на национално ниво за проблемите со кои се соочуваат граѓаните при примената на Законот и утврдување на насоките за идна реформа, која ќе овозможи нивно надминување и воспоставување на систем, кој ќе го гарантира еднаквиот пристап до правда за сите граѓани. Средбата во Кавадарци е трета од вториот циклус средби која се спроведува од Здружението на млади правници во соработка со РОМА С.О.С. е волонтерска, невладина, не-политичка и независна граѓанска организација основана во 2005 година чии што активности, базирани на основните принципи на солидарност, правичност, човечко достоинство, еднаквост во правата и можностите кон разликите, се фокусирани кон ранливите и маргинилизирани групи, посебно кон Ромите./ А.Д