Земјоделците почнаа да поднесуваат барања за субвенции!
Лозарите, овоштарите и други земјоделски производители можат да поднесуваат барања за субвенции од новата програма на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството.
Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Зоран Шалев рече дека земјоделците потребно е да ја посетат подрачната единица за да го потполнат барањето бидејќи сега постапката за аплцирање била поедноставена.
Сточарите и сопствениците на пчелни семејства ќе мораат да ги ажурираат податоците во Агенцијата за храна и ветеринарство, а потоа ќе бидат информирани околу постапката за аплицирање за субвенции.
Исто така сите земјоделци кои имаат договори по јавни повици мора да отидат во подрачната единица и да ги потпишат анексите на договирте, а сите што имаат договори за концесии задолжително да ги подмират давачките./А.Д