Град голем колку лешник, вчера, ги столчи гроздаците!
Објавено на 11 јуни, 2013 во 14:22
Во вчерашното невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења и ситен град, од кои беше зафатено Кавадарци и околината, во два наврати, околу 15.15 и околу 17 часот наврнале 21 литар на метар квадратен.
Во атарот на кавадаречкото село Бегниште паѓал град со големина на лешник околу пет минути. Евентуалните штети допрва ќе се утврдуваат.
Освен во Бегниште, врнежи од град се евидентирани и во други села во кавадаречко и неготинско.
Од почетокот на годината досега е регистриран воден талог од 317 литри на метар квадратен. Статистиката на метеоролошката станица лоцирана кај средното училиште „Ќиро Спанџов Брко“ во Кавадарци вели дека минатата година во кавадаречко наврнале 286 литри на метар квадратен а во 2011та само 160 литри./A.Д