Палата на тркала!

Објавено: 11 јуни, 2013, во 08:29 часот

Покриен со злато и вреден два милиони фунти, најскапиот моторен дом е на продажба во Дубаи, , пренесува Дејли Мејл.

„Елемент палацо“ -удобниот дом на иднината  има спална соба, телевизор од 40 инчи,  бар, камин,  дури и тераса. Но, најимпресивниот елемент е ѕвездената дневна соба. Со едно притискање на копче овој дом од 12 метри се претвора во простор за одмор со коктел бар, подно греење и екстравагантно осветлување. Возилото стана хит меѓу богатите арапски шеици.

 

Покрај златната, возилото е достапно и во бела варијанта. Од компанијата „Марчи мобајл“ велат дека„Елемент палацо“ е нова класа на возила наменети за оние што го сакаат невообичаеното. „Нашата цел не е само да воведеме нова линија луксузни возила, туку и да ја навестиме новата ера“, велат од компанијата.

Приватниот џет на тркала е дизајниран за бизнисмените кои често патуваат, богатите семејства и супер ѕвездите кои одат на турнеи. Возилото чини двојно повеќе од најфините домови во Лондон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.