Палата на тркала!
Објавено: 11 јуни, 2013, во 08:29 часот
Покриен со злато и вреден два милиони фунти, најскапиот моторен дом е на продажба во Дубаи, , пренесува Дејли Мејл.
„Елемент палацо“ -удобниот дом на иднината има спална соба, телевизор од 40 инчи, бар, камин, дури и тераса. Но, најимпресивниот елемент е ѕвездената дневна соба. Со едно притискање на копче овој дом од 12 метри се претвора во простор за одмор со коктел бар, подно греење и екстравагантно осветлување. Возилото стана хит меѓу богатите арапски шеици.
Покрај златната, возилото е достапно и во бела варијанта. Од компанијата „Марчи мобајл“ велат дека„Елемент палацо“ е нова класа на возила наменети за оние што го сакаат невообичаеното. „Нашата цел не е само да воведеме нова линија луксузни возила, туку и да ја навестиме новата ера“, велат од компанијата.
Приватниот џет на тркала е дизајниран за бизнисмените кои често патуваат, богатите семејства и супер ѕвездите кои одат на турнеи. Возилото чини двојно повеќе од најфините домови во Лондон.
